„Њузвик“ за Крајишник: Короната уби еден од најголемите злосторници во историјата на Европа

од Vladimir Zorba

Угледниот американски „Њузвик“ ја објави веста за смртта на Момчило Крајишник во вторникот, насловена по изјавата дадена од страна на членот на Претседателството на БиХ – Жељко Комшиќ денес за медиумите – „Коронавирусот уби еден од најголемите криминалци во историјата на Европа“.

Текстот на авторот Со Ким цитира соопштение од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска за смртта на Крајишник и цитира детали објавени од Асошиејтед прес со коментарот на Комшиќ дека Крајишник „ќе остане запаметен како еден од потписниците на геноцидната политика“.

„Њузвик“ ги потсети читателите на судењето во Хаг, во кое Крајишник беше осуден за злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина, и објави изјави на членот на Претседателството, Милорад Додик, кој Крајишник го нарече „голем патриот“.

Весникот наведува дека Крајишник бил примен во болницата на 29 август со воспаление на белите дробови и дека бил поврзан со апарати за дишење.

Слични содржини