Обезбеден грант за реконструкција и опремување на 50 училишни спортски сали

од Nikola Popovski

Министрите во Владата на денешната седница ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Северна Македонија“, меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ.

Грантот доаѓа од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во висина од три милиони евра и е наменет за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување со спортска опрема на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта.

Слични содржини