Објавена МАПА: Во Македонија гостите речиси секогаш се пречекуваат со храна, но каде тоа не е случај?

од Vladimir Zorba

Поканувајќи ги пријателите и саканите во нашиот дом, знаеме да се запрашаме што ќе им понудиме на гостите на трпезата. Така тргнуваме во интензивна шопинг треска, разговараме за намирниците и го уредуваме просторот.

Сепак, судејќи по мапата која стана вирална на социјалните мрежи, горливо прашање за некои ќе биде дали воопшто треба да понудат храна, а некои тоа не се ни прашуваат.

Имено, на интернет е објавена мапа на европските земји на која е објаснето во кои земји ќе ви понудат храна кога ќе пристигнете на гости, а каде не треба да ја очекувате.

Додека за целиот Медитеран се смета дека речиси секогаш ќе се понуди храна, како и на Балканот, истото правило не важи и за северот на Европа.

На пример, ако ги посетите Исланѓаните, Холанѓаните, Данците, Швеѓаните, Финците или Норвежаните, не очекувајте да „кснете“ нешто.

Will you be offered food when you are a guest
by u/barcased in MapPorn

Слични содржини