Објавена неверојатна СНИМКА од торнадото што ја опустоши Чешка

од Vladimir Zorba

Чешката полиција објави неверојатно видео од разорното торнадо што го добија од жителите на Лужица, местото каде торнадото уништи 120 куќи, пишува Blesk.cz.

– Неверојатно автентично видео од Лужица. Денес ни го даде локален човек со навистина челични нерви. Благодариме Радован, ти си храбар човек! – напиша чешката полиција на Твитер.

На снимката се гледа апокалиптична сцена како торнадо уништува сè пред себе во Лужица и слушате некој како вика дека работите летаат и му кажува на друго лице да се скрие

Слични содржини