Објавени снимки од маскирани мажи кои тепаат мигранти со палки на границата помеѓу Хрватска и БиХ

од Vladimir Zorba

Хрватски РТЛ објави вознемирувачка снимка на која маскирани лица, со таканаречени фантомки, тепаат бегалци кои испуштаат болни крици и на тој начин насилно ги насочуваат преку притоката на реката Корана од територијата на Хрватска до територијата на Босна и Херцеговина. На снимката се гледа и едно од маскираните лица што вика „Оди во Босна“ откако со стап го удира мигрантот.

Сето тоа е снимено во јуни за време на осуммесечно новинарско истражување во кое тимот на РТЛ учествуваше заедно со колегите од истражувачката новинарска мрежа Lighthouse Reports од Холандија, швајцарскиот SRF Rundschau, германското ARD Studio Vienna, ARD Monitor, French Liberation, Dutch Pointer, Новости и Spiegel. Споменатиот настан од објавеното видео е снимен во близина на градот Штурлиќ од босанска страна.

Насилни депортации, т.н турканици, протерувања од хрватска земја со употреба на сила во која полицијата конфискува мобилни телефони, лични предмети и документи, се сведоштва на бегалци што досега ги објавија бројни локални и странски медиуми, како и домашни и меѓународни невладини организации.

Луѓето од ова видео немаат никакви ознаки на нивните униформи.

Слични содржини