Облачно со врнежи од дожд и слаб доумерен северен ветер

од desk4

Времето во Македонија претпладне облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, а во југоисточните делови проследени со ретки грмежи. Вкупната количина на наврнат воден талог од овој влажен бран на места се очекува да биде над 40 л/м2. Во текот на денот врнежите ќе престануваат, а облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10 степени,а дневната температура од шест до 15 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната температура до 12 степени.

Потоа до сабота времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.

Слични содржини