Од денеска задолжителна вакцинација за француските здравствени работници

од Vladimir Zorba

Денеска стапува на сила задолжителната вакцинација против коронавирус на сите здравствени работници и други вработени во Франција.

Претседателот Макрон ја објави мерката кон средината на јули и таа беше одобрена од парламентот. Мерката влијае на 2.700.000 луѓе. Повеќето од нив веќе се вакцинирани, но денеска имаше протести против мерката во земјата.

Обврската за вакцинација против коронавирус не се однесува само на француските медицински лица, туку и на домашните помошници, персоналот на старечки дом и пожарникарите. Оние кои одбиваат да се вакцинираат се малцинство, но сакаат да го искажат својот став, иако знаат дека нема да ги променат работите. Ванеса е медицинска секретарка во болница и знае дека ќе биде отпуштена, но одбива да се вакцинира.

„Нема да ме принудуваат да ми се вбризга нешто само за да работам. Може да ме боли, можеби не, но не сакам да ме принудуваат. Тоа не е етички“, изјави Ванеса Пероти, медицински секретар во болницата.

Други противници на вакцината избраа да ги задржат своите работни места. Некои синдикати поттикнаа протести, но властите не отстапуваат. Се очекуваат инспекции во домовите за стари лица.

„Ќе има отпуштања оваа недела и следната. Нашата мрежа предвидува дека еден до два проценти од договорите за вработување ќе бидат раскинати“, рече Флоренс Анаиз-Моме од Сојузот на домови за стари лица.

Според официјалните податоци, скоро 86% од засегнатите ја исполниле обврската. Најголем дел има медицинските лица со приватна пракса – 91% од нив, се вакцинирани

Слични содржини