Од коронавирус починаа 2004 лица, бројот на нови заразени се намалува

од Nikola Popovski

Бројот на нови заразени од коронарен вирус во Кина, втор ден по ред е помалку од 2000 на ден. што навестува дека епидемијата е ставена под контрола, но експертите предупредуваат дека ова би можело да се промени бидејќи државните органи одлучуваат дека луѓето постепено ќе се враќаат на своите работни места, после принудните одмори.

Во вторникот, во Кина се регистрирани 1.749 нови пациенти и 136 смртни случаи. Од почетокот на епидемијата, во Кина се пријавени 74.185 лица, а 2.004 починале.

Експертите очекуваат дека трендот на намалување на новите случаи може да продолжи, бидејќи во Вухан, контролите „од врата до врата“ завршуваат денес.

Изминатиов месец медицинските работници извршија рација во секој стан и секоја куќа во Вухан за да пронајдат и изолираат секој, за кој се сомневаат дека е заразен.

“Работата требаше да се стори многу сериозно, бидејќи ништо не е поважно од човечките животи. Ако од четврток, биде пронајден барем еден нов пациент, одговорноста за тоа ќе ја сносат началниците на градските области”, изјави Ванг Жонглин, новоназначениот партиски секретар во Вухан, а пренесе АП.

Слични содржини