Од ковид-19, почина митрополитот Амфилохије

од Берта Китинска

Во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, утрово почина Митрополитот црногорско приморски Амфилохије.

Митрополитот  почина во осум часот и 20 минути, а Митрополијата наведе дека дополнително ќе биде известена јавноста за деталите за погребот.

Да потсетиме, претходниот ден, раководителот на клиниката за пулмологија KCCG, д-р Јелена Боровиниќ Бојовиќ, во изјава  истакна дека здравјето на Митрополитот вчера нагло се влошило поради развој на пневмомедијастинум како последица на билатерална дифузна пневмонија предизвикана од коронавирус.

 

 

Слични содржини