Од „Олд Трафорд“ ја одредија цената на Мејсон Гринвуд

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед ќе бара околу 40 милиони евра (34 милиони фунти) за постојан трансфер на Мејсон Гринвуд на лето. 22-годишниот крилен напаѓач моментално е на позајмица во Хетафе, каде што се претстави силно и со своите настапи го привлече вниманието на гигантите Барселона и Атлетико Мадрид.

Тој има договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2025 година, но англиските медиуми се сигурни дека тој нема шанси повторно да игра во дресот на Јунајтед. Поради оваа причина, најдобра опција за клубот е да го продаде по завршувањето на оваа сезона, што на задоволство на 20-кратниот шампион на Англија се покажа повеќе од успешно за Гринвуд.

Ако Јунајтед може да ја добие таа сума, крилниот играч ќе биде четврта најскапа продажба на клубот зад Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Анхел Ди Марија.

Гринвуд има постигнато седум гола на 24 настапи за Хетафе на сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Слични содржини