Од утре нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи

од Nikola Popovski

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора најдоцна до утре 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати. Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погоре споменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност, информираат од Управата за јавни прихоиди (УЈП).

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана.

-Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати. Оваа одлука ќе се спроведува од утре 17 март и ќе трае до 31 мај 2022 година, појаснуваат од УЈП.

Слични содржини