Од утре редовна настава на факултетите, ќе има и алтернативни предавања

од desk3

Претставниците од Студентскиот пленум кои присуствуваа на вчерашната средба денес и официјално соопштија дека бојкотот на наставата се прекинува. Професорите и студентите од утре продолжуваат со редовна настава, но ќе продолжат и алтернативните предавања организирани од страна на Студентскиот пленум.

plll

„По вчерашната одржана средба во ректоратот на УКИМ одлучивме по постигнатиот договор да ја прекинеме нашата окупација и да ги ослободиме факултетите, односно тие да се вратат на формалната настава. Мора да се каже дека власта попушти на нашите барања. Ние вчера добивме комплетно нов интегрален закон кој ќе се изработува преку нова методологија и нов концепт, во чие изработување ќе бидеме вклучени и ние“, изјави Стефан од Студентски пленум.

„На настава студентите може да се вратат утре на факултетите кадешто имаше комплетен бојкот на наставата и кадешто се спиеше. Бојкот повеќе нема да има. Ние ќе продолжиме со алтернативните предавања. Во аулите ќе останат сите направени плакати итн. На алтернативните предавања ќе се зборува за студентските барања, за студентските прашања, за студентските проблеми кои подоцна ќе бидат пренесени како прашања во работните групи.

 

Во врска со надворешното тестирање, пленумци посочија дека било дискутирано на средбата за тоа и било ветено дека такво нешто ќе нема. Згора на тоа, ви изработката на новиот закон ќе бидат вклучени и тие и нема да се прифати никаква форма на надворешно тестирање.

Слични содржини