Одлично викенд-мезе: Лиснати пица-стапчиња

од Elena Daskalova

За викендите можете да си дозволите да се опуштите малку повеќе, да експериментирате во кујната и да ги подготвите овие одлични стапчиња.

Потребни состојки:

300 гр брашно
20 гр квасец
100 мл млеко
100 мл јогурт
Малку сол и шеќер
2 лажици масло
100 гр маргарин
100 гр меко сирење
2 лажички кисела павлака
1/2 лажичка благ буковец
150 гр шунка
50 гр ситно сецкан кулен
Жолчка за премачкување
Сусам, афион и крупна сол

Подготовка:

Во млакото млеко растворете го квасецот, додадете шеќер, масло и половина од брашното и малку сол. Изматете добро, па постепено додавајте од брашното и замесувајте тесто. Оставете го да стаса 30 минути.

Потоа, поделете го тестото на 5 еднакви топчиња. Измешајте ги сирењето и павлаката, додадете го буковецот и ситно сецканата шунка и кулен.

Првото топче рассукајте го во тенок правоаголник. Изрендајте смрзнат маргарин. Потоа повторете со останатите. Врз петтата кора не се ренда маргарин.

Пресечете го тестото на пола, ставете ги двете половини една врз друга и убаво рассукајте. Со филот премачкајте го тестото, па исечете го на ленти и секоја свиткајте ја како сврдел и ставете во подмачкан плех. Оставете ги да стасаат 10-15 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени.

Премачкајте со жолчката, посипете со сусам, ким, афион и крупна сол и печете околу 25 минути.

Слични содржини