Одложено судењето за „Рекет“ на барање на адвокатите на Јанева

од Берта Китинска

Судијката Васка Николовска-Масевска одлучи да го прифати барањето поднесено од Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев за одложување на денешното рочиште за „Рекет“, а наредното го закажа за три дена од сега, односно за в четврток. Следното рочиште ќе се одржи доколку адвокатите на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева не поднесат ново барање за одлагање, а судечкиот совет го одобри.

Одлагањето на „Рекет“ е по барање од адвокатите на Јанева, кои навеле дека таа има хронична болест за која Владата препорача седење дома бидејќи станува збор за ризична категорија граѓани, со цел превенција и заштита од ширење на коронавирусот. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагањето е одобрено и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати, кој имал респираторни проблеми.

Со одобрување на барањето од адвокатите на Јанева, судијката Николовска-Масевска го отповика барањето за спроведување на Јанева од куќен притвор.

На следното рочиште в четврток повторно ќе бидат повикани обвинителите од СЈО, кои треба да сведочат за „Рекет“ по предлог на Јанева. Во текот на судскиот процес ќе треба да сведочат 13 обвинители од СЈО, меѓу кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.

Слични содржини