Одлуките се тајни: Македонија донирала воена опрема за Украина

од Берта Китинска

Три одлуки за донирање на воена помош за Украина се донесени од Владата и сите се во консултација со Генералшатбот на Армијата.

Министерката Славјанка Петровска вели дека деталите за опремата и вооружувањето не можат да бидат објавени од безбедносни причинии и дека донацијата не влијае на борбената готовност на армиските единици.

„Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија“, вели Петровска.

На 29 јули, Министерството за одбрана потврди дека Македонија ќе ѝ ги донира своите тенкови Т-72 на украинската војска, додека истовремено планира да ја модернизира својата армија согласно НАТО стандардите.

Слични содржини