Одобрен е целодневниот престој во училиштата

од Nikola Popovski

По вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести, Владата ја одобри целодневна настава во училиштата.

„Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија. Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19“, информираат од Владата.

На владината седница е одлучено и за отворање на дневни центри за лица со попреченост како и посебни протоколи за работа на игротеките.

Слични содржини