Официјално: Реал се раздели со трет играч

од Vladimir Zorba

По девет сезони минати во Реал Мадрид, Иско и официјално објави дека се разделува од клубот. Во овој период освои 19 трофеи, но во последните години стана резерва и на крајот „белите“ решија да не му го продолжат договорот. Па сега тој си заминува како слободен агент. Вчера стана јасно дека Марсело заминува, а тоа претходно го потврди и Герет Бејл.

„Прекрасно си поминав овде и се забавував“, напиша 30-годишниот играч од средниот ред на својот Инстаграм профил, дури и употребувајќи непристојни зборови.

„Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, тренери, техничари, физиотерапевти, обични работници на „Валдебебас“ и „Сантијаго Бернабеу“ и на сите други кои ме примија одлично“, додаде Иско.

Тој откри дека во понудата од Реал во 2013 година имал договор со друг клуб, но тој го одбил во име на „белите“.

„Кога Реал ќе тропне на вашата врата, не можете да кажете не, иако има некои исклучоци“, напиша Шпанецот, додавајќи емотикон за желка, мислејќи на Килијан Мбапе, кој сака да го поврзуваат со предметното животно.

Меѓу кандидатите за неговиот потпис се Бетис и Севиља.

Слични содржини