Официјално: Сејдини се избори за втор мандат на чело на ФФМ

Како и што се очекуваше, Муамед Сејдини денес беше реизбран за прв човек на Фудбалската федерација и тој ќе го води македонскиот фудбал до 2025 година.

Ова собрание помина со многу контроверзии, а на истото присуствуваа 52 од 96 делегати, сите присутни гласаа „за“.

Собранието беше бојкотирано од ОФС Тетово, ОФС Кочани, ОФС Струмица, а клубови како Шкендија, Тетекс, Победа, Пелистер…објавија дека не не го признаваат. Големи критики кон раководството на ФФМ имаше и капитенот на репрезентацијата Горан Пандев.

И покрај сите тие контроверзии на крајот се заврши со нов избор на Сејдини.

Слични содржини