Охрид го задржа статусот на УНЕСКО

од Stefanija Kuzmanovska

Комитетот за заштита на светското наследство на УНЕСКО на 44 сесија што се одржува во кинескиот град Фуџоу, денеска, ја усвои одлуката за состојбата на заштитеното културно и природно наследство на Охридскиот регион, со која на предлог на Босна и Херцеговина, на Македонија и Албанија им се дава дополнителен рок од две години, за имплементација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2020 година.

Во своето обраќање на денешната сесија на Комитетот на УНЕСКО, министерот Нуредини заблагодарувајќи се за поддршката изјави:

„Би сакал да се заблагодарам на Комитетот на УНЕСКО што ги препозна нашите напори и го одобри предложениот амандман со кој ни се одобрува дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки. Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети и поддршка.

Драго ми ешто Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство.

Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација. Затоа ги поканувам сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации“.

Слични содржини