Омбудсманот повикува да почне образовниот процес: При судир на две права, предност има правото на детето

од Берта Китинска

Четири-пет претставк од родители кои бараат да се преземат сите мерк за да продолжи наставниот процес пристигнале до Народниот правобрантел, кажа денеска омбудсманот Насер Зибери.

Тој појасни дека претставките почнуваат со тоа, дека родителите ги поддржуваат наставниците во нивните барања, но сепак да се најде начин да продолжи учебната година.

– Има четири – пет претставки, но сите се поплаки зошто има прекин во наставниот процес. Нема претставки за попречување на штрајкот. Значи се работи паралелно за две, со устав гарантирани права, но според меѓународните документи во случај на судир на две права, треба предност да се даде на правото на детето, истакна правобранителот.

Тој посочи дека апелирал до Владата да ги продолжи преговорите со синдикатите, за да се најде што поскоро решение за да нема решение по образовниот процес.

Слични содржини