Опозицијата едногласна дека Собранието е нефункционално: „Изгледа ‘пожарот’ се уште не е изгаснат“

од Destan Jonuzi

Опозоциските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА се едногласни во тврдењата дека Собранието е нефункционално.

Никола Мицевски

Никола Мицевски

– Погледнете го календарот на Собранието. Дали е закажана некоја седница или комисија од страна на власта. Не! За какво функционално Собрание зборуваме, кога целокупната власт функсионира на меѓусебни, уцени, барања, за да направат кворум, изјави за „Локално“, Никола Мицевски – кординатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Алијанса за Албанците (АА) сметаат дека парламентарното мнозинство во моментов само на хартија ја има поддршката од 64 пратеници.

Сурија Рашиди

Сурија Рашиди

– Парламентарното мнозинство во моментов на хартија има 64 пратеници што би требало да биде релативно стабилно мнозинство, но за жал не е така во Собранието. Речиси никогаш, во последно време, ова мнозинство не го обезбедува потребниот број од 61 пратеник за да почнат седниците и да се изгласаат законите кои во над 90% од случаите ги предлага власта. Причините зошто тоа се случува треба да се бараат во партиите и пратениците од владината коалиција, изјави за „Локално“, Сурија Рашиди – пратеник на АА.

Пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зенедели причината за не функционирањето на Собранието со полн капацитет ја гледа во пратениците на парламентарното мнозиство.

Фадил Зенедели

Фадил Зенедели

– Парламентарното мнозинство се чини дека има проблеми со одредени свои пратеници, па затоа Собранието не функционира со полн капацитет во спроведувањето на зацртаниот дневен ред. Изгледа „пожарот“ се уште не е изгаснат, изјави Зендели за „Локално“, алудирајќи на незадоволствата на „Огнената група“ од владејачката ДУИ.

Дебатата за нефункционално Собрание долго време се води во јавноста откако парламентарното мнозиство функционира со тенко мнозиство, но и по појавата на т.н „огнена група“ во ДУИ.

Поради блокади на Собраниските тела од страна на опозицијата долго време се кочеше процесот за именување на нови амбасадори.

Исто така, потребата од двотретинско мнозиство за да се изгласаат уставните измени за да се внесат Бугарите во преамбулата ја отвори дебата за широка владина коалиција и предвремени избори.

Д.Ј.

Слични содржини