Општина Аеродром со помош од 1.200.000 денари за Вардар

од Vladimir Zorba

Вардар 1961 за првпат оваа сезона по долго време нема да настапува во Лигата на шампиони. ЕХФ одлучи да го исклучи од ова натпреварување поради задоцнување на исплатата на сметката на европската ракометна федерација.

Во новата сезона актуелниот македонски првак и двократен освојувач на трофејот во ЛШ, ќе се натпреварува во домашното првенство и СЕХА-лига. Ваквата разврска си повлече и други последици, дел од спонзорите веќе немаат толку голем интерес бидејќи Вардар не настапува во Лигата на шампиони.

Откако седница на Град Скопје беше донесе одлука да им се помогне на „црвено-црните“, прв рака им подаде градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. На седница на Општината е донесена одлука за Вардар да се издвојат 1.200.000 денари.

Слични содржини