Орбан: Резултатите од претседателските избори во САД ќе влијаат на ситуацијата во Украина

од Vladimir Zorba

Резултатот од претседателските избори во САД во 2024 година може да влијае на ситуацијата во Украина, доколку конфликтот во таа земја трае неколку години, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан за радио „Кошут“ посочи дека Украина може да продолжи со борбените операции се додека ја добива поддршката од САД, а кога таа поддршка ќе престане, ќе биде возможен прекин на огнот.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој планира повторно да се кандидира за претседател, сака крај на конфликтот во Украина, изјави Орбан, истакнувајќи дека резултатите од претседателските избори во САД следната година би можеле да влијаат на исходот на војната.

Слични содржини