Орбан: Унгарија не сака да ја напушти Европската унија

од Milan1

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, истакна дека неговата земја не сака да ја напушти Европската унија, но ја нагласи својата намера да се бори за значајни промени во блокот, пишува денеска „Раша тудеј“.

Во говорот пред приврзаниците на неговата партија Фидес во Будимпешта, Орбан рече дека Унгарија воопшто не сака да ја напушти ЕУ и дека „не може така лесно да се ослободат од нив“, но дека сака да го задржи својот суверенитет и да не биде дел од Обединетите Европски Држави.

Осврнувајќи се на минатото на Унгарија, Орбан истакна дека по комунистичката бирократија, Унгарија не сака нови диктати од Брисел.

Тој е особено загрижен за тоа како западноевропските либерални вредности им се наметнуваат на сите земји-членки, без разлика дали се согласуваат или не.

Премиерот на Унгарија им порача на насобраните дека „нема да се откажат од правото да ги бранат своите граници“, да ги запрат мигрантите и да инсистираат дека бракот во Унгарија е меѓу маж и жена, дека таткото е маж, а мајката е жена.

Слични содржини