Османи и Винтон ќе ги посетат новиот мост и браната во Свети Николе

од desk4

  Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, денеска ќе го посетат новиот мост и браната во Свети Николе кои се реконструирани со финансиски средства од ЕУ преку програмата за намалување на штети од поплавите, во реализација на УНДП.

При посетата, Османи и Винтон ќе информираат и за останатите инвестиции на УНДП во проекти за намалување на штетите од поплавите, кои се реализирани со помош на ИПА средствата од Европската унија.

Слични содржини