Османи во Њујорк: Положив цвеќе во сеќавање на жртвите од 11-ти септември 2001

од Nikola Popovski

Во Њујорк во посета на Националниот меморијален музеј за 11 септември, каде положив свежо цвеќе во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад од 2001 година, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој испрати сочувство кон загинатите и нивните семејства, како и поддршка за САД и американскиот народ во борбата за заедничките вредности.

-На 20 годишнината од овој трагичен настан, Република Северна Македонија силно ги поддржува заложбите на меѓународната заедница за зачувување на универзалните цивилизациски вредности – мирот, безбедноста, демократијата и укажува на потребата од споделена солидарност со сите жртви од тероризмот во светски рамки, напиша Османи на социјалните мрежи.

Слични содржини