Османи за Стратегискиот совет: Сакав луѓе со различни ставови од моите, не сакам тоа да биде монолог

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва одговарајќи на прашање за тоа како е составен Стратегискиот совет на МН, изјави дека инсистирал на лица кои имаат и политички ставови, но кои не се зависни од дневната политика.

„Освен нивната експертиза и искуство, побарав луѓе со противречни ставови, бидејќи не сакам да биде монолог, во кој ние ќе се поддржиме меѓусебно за ставови“, изјави тој во гостувањето на „ТВ Алсат.

Според неговите зборови, тој сакал во тој Совет да има и противречна дебата.

„Срѓан Керим беше претседател на Собранието на Обединетите нации, тој беше поранешен амбасадор, тој дури двапати претходно беше министер за надворешни работи во претходниот систем. Јас не сум ниту обвинител ниту судија, но заинтересиран сум во оваа стратегија да ги вметнам искуството, знаењето, различните погледи на луѓето, затоа што има луѓе во Северна Македонија, кои споделуваат различни мислења, различни ставови од моите, од оние на мнозинството“, наведе Османи.

Валентина Божиновска и Срѓан Керим се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи.

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малески, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

Слични содржини