Откриен идентитетот на пратеникот кој доби казна поради зборување на мобилен додека возел

од Nikola Popovski

Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на мобилен телефон додека возел на патот Куманово-Скопје, а според неофицијални информации, станува збор за пратеникот Мартин Костовски од редовите на СДСМ.

Пратеникот Костовски, снимал видео на мобилен телефон додека возел. Видеото го објавил на социјалните мрежи пред три часа.

Како што соопшти МВР, полициски службеници денеска му врачиле платен налог на Костовски поради прекршување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје.

МВР во соопштението упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта во Република Северна Македонија.

Слични содржини