Откриен полот на третото дете на Ана Ивановиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер неодамна открија дека го чекаат третото дете.

„Јас и Бастијан сега сме бројно надјачани“, рече Ана, јасно алудирајќи дека наскоро во нивното семејство ќе има повеќе деца отколку родители.

Сега конечно се знае кој е полот на нивното трето дете. Ана пред неколку дена во разговор за германските медиуми призна дека девојче сигурно би донело голема промена во нејзиниот живот бидејќи е навикната на енергијата што ја имаат момчињата.

Сепак, како што ексклузивно дознава „Курир.рс“, Ана и Бастијан сепак ќе имаат уште едно момче.

„Се оди добро, родителите се среќни и задоволни, а на последниот преглед докторот ѝ соопштил на Ана дека ќе добие момче. За тоа се информирани најблиските членови на семејството“, навел извор близок до семејството.

Слични содржини