Откриена тајната на Џорџ и Амал Клуни: На ова ја должат својата среќа

од Vladimir Zorba

Уникатната врска на Џорџ и Амал Клуни останува предмет на восхит и по речиси 11 години љубов, па многумина се прашуваат која е тајната на нивната брачна хармонија.

Џорџ Клуни беше познат како вистински холивудски заводник пред да ја запознае Амал, успешна адвокатка и активистка за човекови права, во 2013 година. Само една година им беше доволна да дознаат дека нашле партнер со кој сакаат да го поминат животот, а љубовта ја крунисаа со брак во Венеција во 2014 година.

Експертот за говор на телото Инбаал Хонигман, кој ги анализираше нивните заеднички појавувања во јавноста, проговори за тоа што се крие зад нивната среќа.

„Говорот на телото на Џорџ и Амал на појавувањата на црвениот тепих или јавните настапи остана конзистентен во текот на нивната врска“, изјави таа за HELLO! списание и продолжи: „Фактот што тие секогаш стојат заедно и блиску еден до друг покажува еднаквост во бракот и исклучително пријателство, што се манифестира во меѓусебна поддршка и генерално силна врска“.

Таа заклучува дека една од тајните на нивната среќа е рамноправниот однос и фактот дека не постои една страна која носи одлуки, а другата ја прави подредена.

Експертот забележал уште еден детал – сопружниците на фотографиите често гледаат во различни насоки.

„Овој гест покажува дека си дозволуваат доволно простор за личен развој и задржување на сопствените гледишта“.

За 11 години врска, тие станаа еден од најомилените парови на светот, иако многу внимаваат да ја кријат својата приватност, држејќи ги своите близнаци родени во 2017 година што подалеку од очите на јавноста.

Слични содржини