Откриени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш во приколка на царински терминал

од Nikola Popovski

Од Царинската управа на Република С. Македонија денеска околу 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во приколка во товарно возило „мерцедес”, со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени 10 лица мигранти од Ирак, Авганистан и Бангладеш.

Луѓето кои биле внатре на турски јазик барале помош. Службеникот веднаш сфатил дека станува збор за мигранти кои на територијата на Северна Македонија влегле илегално. Тој веднаш ја известил полицијата и Брзата помош, бидејќи двајца мигранти не се чувствувале добро. Припадниците на тетовската полиција ги извадиле мигрантите од камионот на превозна компанија од Тетово, со кој управувал 25-годишниот А.С. од Горно Седларце.

Од СВР-Тетово, велат дека мигрантите заедно со возачот се лишени од слобода и дека се задржани во полиција за натамошно постапување.

Мигрантите биле на возраст од 15 до 49 години.

Слични содржини