Откриено сирење старо речиси 3.200 години

од desk2

Археолози откриле сирење во Египет старо најмалку 3.200 години, објавија локалните медиуми. Сирењето пронајдено при ископувањата во областа Сакара во близина на Каиро е направено од мешавина на кравјо, козјо и овчо млеко. 

Откритието го направија научници од италијанскиот универзитет Катанија и специјалисти од Универзитетот во Каиро. Резултатите од хемиската анализа покажуваат дека сирењето пронајдено во една од многуте гробови во областа било произведено меѓу 1290 и 1213 пред нашата ера.

Не се соопштени информации за вкусовите на млечните производи.

Во археолошкиот комплекс Сакара се наоѓа и најстарата египетска некропола.

Слични содржини