Ова се трите најарогантни хороскопски знаци: Дали сте и вие меѓу нив?

од Elena Daskalova

Астрологијата тврди дека следниве хороскопски знаци имаат најголем потенцијал да бидат арогантни, самобендисани и препотентни, па дури и непријатни за друштво.

Бик

Својата ароганција се трудат да ја скријат од другите, но не им оди најдобро. Се сметаат себе за луѓе кои пробале и виделе сè во животот. Апсолутно е невозможно да излезете на крај со нив, бидејќи воопшто не сакаат да ги слушаат туѓите аргументи.

Лав

Од длабочините на нивната душа извира ароганција и егоизам. Лавовите сакаат светот да се врти околу нив, а сите останати да „искршат“ врат вртејќи глава кон нивната маркантна појава. Повеќе од јасно е дека се работи за силни личности кои сакаат да бидат посебни во сечии очи.

Скорпија

Скорпиите не признаваат дека може да има попаметни и поитри луѓе од нив. Своите чувства ретко ги покажуваат, а многу се чувствителни на критики. Ги почитуваат само оние кои се видливо посилни, побогати и поуспешни од нив.

Слични содржини