Овие три хороскопски знаци се склони на предавство: Ќе ви „забијат нож во грб“ без многу размислување!

од Nikola Popovski

Секој хороскопски знак има репутација – добра со која се гордее, но и лоша од која се срами. Кога размислувате за тоа кој е најверојатно да ве изневери и предаде, има големи шанси веќе да имате барем еден или два знака на ум. Иако секој е способен за овој чин, постојат неколку причини зошто некои знаци имаат поголема веројатност да го направат тоа од другите.

Личноста и однесувањето на секој хороскопски знак се обликувани од нивната владејачка планета, елемент и модалитет. Колку сте зрели, колку сте друштвени и дали осудувате се некои особини што се одредуваат според барем една од тие три усогласувања.

1. Овен

Како прв знак на Зодијакот, Овенот сака да биде прв во сè. Тие се многу амбициозни, конкурентни и секогаш се стремат да бидат број еден. Поради ова, Овните можат брзо да изневерат доколку се чувствуваат загрозени од нечија доминација.

Со Овенот владее Марс, богот на војната, а таа планета може да предизвика проблеми. Овој знак се бори за задоволство. Ако сте на нивна страна, тие ќе ви бидат лојални, меѓутоа, ако се чувствуваат загрозени, ќе ве нападнат.

2. Близнаци

Ако сте запознаени со астрологијата, не треба да се изненадите кога на оваа листа ќе ги најдете Близнаците. Зборливите Близнаци се управувани од Меркур, планетата позната како „ѓаволот кој сака драма“. Близнаците се многу прилагодливи и имаат способност да разговараат со секого, вештина што дефинитивно ја користат.

Но, овој знак има тенденција да биде дволичен.

Близнаците сакаат да напредуваат и нема да се двоумат да ги надминат другите за да ја постигнат својата цел, па оттаму предавството е во нивната природа.

3. Скорпија

Од сите знаци на оваа листа, Скорпијата е интересна затоа што нивното предавство може да погоди многу потешко од предавството на Овен или Близнаци. Со Скорпијата владее Плутон, богот на подземјето, кој ќе ве „вовлече“ и никогаш нема да ве пушти.

Ако вознемирите некоја Скорпија, можеби ќе треба да внимавате на својот „грб“. Кога станува збор за изневерувањето, секогаш има причина, пренесува „Bustle“.

Слични содржини