Палестинското МНР предупредува дека Израел врши депопулација на северна Газа 

Оттаму наведуваат дека во северна Газа живеат повеќе од половина милион Палестинци кои минуваат низ „најстрашниот дел од геноцидот“

од Бети Божиноска

Палестинското Министерство за надворешни работи предупреди денеска дека Израел се обидува да изврши депопулација на севериот дел од Појасот Газа со интензивни напади врз тој дел од енклавата и со влошување на кризата со глад меѓу населението, пренесува „Ал џезира“. 

„Министерството за надворешни работи и иселеници најостро ја осудува геноцидната војна што Израел ја води против наѓиот народ во Појасот Газа веќе 152 дена,“ се наведува во соопштението. 

Оттаму наведуваат дека во северна Газа живеат повеќе од половина милион Палестинци кои минуваат низ „најстрашниот дел од геноцидот“ кој вклучува постојано бомбардирање, глад и создавање судири и хаос. 

Министерството наведува и дека доселеничките населби во енклавата се нелегални, нелегитимни и дека се повик да се продолќи циклусот на насилство, коментирајќи го поттикот од израелското тело за планирање населби за издавање дозволи за 3.500 нови нелегални стамбени единици на Западниот Брег. 

Според податоците на Министерството за здравје во Појасот Газа, во таа е4нклава од почетокот на израелските напади минатиот октомври загинале повеќе од 30.000 луѓе, од кои повеќе од 12.000 деца. 

 

Слични содржини