Папата апелираше вакцини против корона да има и за најсиромашните

од Vladimir Zorba

Папата Франциск ги повика политичките лидери да се осигураат дека вакцините за коронавирус ќе бидат достапни и за најсиромашните земји.

Тој додаде дека во многу делови на светот постои „фармаколошка маргинализација“ на оние кои немаат пристап до здравствена заштита.

Денес Папата се состана со членови на италијанска хуманитарна група која собира лекови донирани од фармацевтски компании и ги дистрибуира на клиниките и центрите на кои им се најпотребни.

Во одредени делови на светот, рече тој, премногу луѓе умираат од недостаток на лекови, а политичките лидери мора да работат за да им помогнат на овие региони.

„Повторувам, би било тажно ако на најбогатите луѓе им се даде приоритет во дистрибуцијата на вакцината или вакцината да стане сопственост на оваа или таа нација, а не на сите“, рече папата.

Слични содржини