Париз не памти вакво нешто: Ајфеловата кула се одмрзнува со пламенофрлачи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Работниците ги топеле снегот и мразот што се појави на металната конструкција на Ајфеловата кула, а снежната покривка денес го парализирала сообраќајот на патиштата и железницата низ северот на Франција.

Регионите на Нормандија и Бретања морале да затворат голем број патишта поради недостаток на механизација за расчистување на патиштата.

„По ова ледено време, платформите на Ајфеловата кула се замрзнати, така што ние користиме пламенофрлачи за топење на снегот и мразот затоа што има корозивно дејство врз металната конструкција“, објави управата на Ајфеловата кула.

Делови од Централна и Северна Европа, како и Велика Британија, се погодени од леден бран проследен со обилни снежни врнежи, а сообраќајот е отежнат во Германија, Чешка, Белгија и Холандија.

Слични содржини