Пекинг го обвини НАТО дека покажува „менталитет на студената војна“

од Stefanija Kuzmanovska

Пекинг го обвини НАТО за претерување со „теориите за кинеската закана“, ден по самитот во Брисел, на кој се дискутираше за предизвикот на комунистичкиот режим за Атлантскиот сојуз.

Кинеската амбасада во Европската унија го обвини НАТО дека покажува „менталитет на студената војна“ и дека се обидува да „создаде вештачки конфликти“.

Ваквите изјави фрлаат сенка на, како што се вели, мирниот развој на земја која има 20 пати помалку нуклеарни боеви глави отколку членките на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера ја отфрли можноста за „студена војна“ со Кина.

„Кина не е наш противник, наш непријател. Нема да има нова Студена војна со Кина. Но, ние мора да се соочиме со предизвиците што ги создава Кина за нашата безбедност“, рече Столтенберг.

Слични содржини