Пекинг објави 23 нови случаи на КОВИД-19 меѓу пристигнатите на Олимпијадата

од Vladimir Zorba

Кинеските власти објавија 23 нови случаи на инфекција со коронавирус меѓу луѓето кои пристигнаа на Зимските олимписки игри во Пекинг во четвртокот, се вели во соопштението на организацискиот комитет.

На 27 јануари во Кина пристигнале 351 лице, вклучувајќи 14 спортисти и официјални лица, како и 337 „други претставници“.

Меѓу заразените нема спортисти, прецизираат домаќините.

Игрите во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари.

Слични содржини