Пен: Гласот на жртвите на сексуално насилство е преполн со себефалење

од desk2

 

Прославениот актер Шон Пен изнесе критики на сметка на движењето #MeToo, наведувајќи дека е „водено од манија“. Оскаровецот изјави дека тоа не е движење кое е интелектуално искрено.

 


„Никогаш не би сакал да сум во движењето. Не верувам во ни едно движење“, вели Пен и додава: „Антивоеното движење не се одржа. Повторно војуваме“.

Актерот вели дека движењето #MeToo, по пат на кое жртвите на сексуалното злоставување и вознемирување го пронајдоа својот глас, е преполно се „самофалење и издувување“, пиѓува биртански Independent.

Коментирајќи го случајот на Чарли Роуз, водителот кој е отпуштен поради обвинение за вознемирување, Пен вели:

„Тој вели дека се случило едно, друго велат друго. Јас не бев тука. Сметам дека сите треба да сме многу внимателни“.

Пен во 2016 година доби спор против режисерот Лио Денијелс кој го обвини за насилство во семејството.

Слични содржини