Пендаровски ја прифати поканата за учество на настанот организиран од “На Мегдан”

од desk4

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски ја прифати поканата за учество на јавниот настан,
организиран од “На Мегдан” .


“Официјално ја прифаќам поканата за учество на јавниот настан организиран од На Мегдан / Në
Mejdan. Очекувам детали за настанот, се гледаме!”, сподели Пендаровски.
Граѓанската иницијатива „На Мегдан” денеска ги достави поканите до двата штаба на претседателските кандидати за директна средба и соочување со членовите на иницијативата. Како што посочи Ирена Стеријовска од Шарена револуција, целта на иницијативата е да се создаде директна комуникација помеѓу граѓаните кои ги делат идеалите на Шарена револуција и кандидатите кои повикуваат на поддршка од овие граѓани, и таа во никој случај нема за задача да фаворизира еден или друг кандидат.
– Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ ни кажаа дека ќе одговорат до утре, господинот Стево Пендаровски прифати неформално, се надевам дека формално до утре ќе ја потврди спремноста за учество во оваа иницијатива. Идејата е да биде неформално видување, не видување на телевизиската дебата, туку на наш терен, на јавен простор, каде ќе може сите медиуми да дојдат да го проследат излагањето на кандидатите, појасни Стеријовска.
Таа ја поздрави декларативната отвореност на кандидатите со повиците за поддршка, но како што рече, иницијативата не може да даде бланко поддршка на еден од кандидатите без притоа да ги адресира некои прашања што ги засегаат луѓето кои се сметаат себе си дека ги носат принципите на Шарената револуција

Слични содржини