Пендаровски ќе се сретне со Вучиќ на 2. август во „Св. Прохор Пчински“

од Nikola Popovski

На 2 август 2023 година претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, Пендаровски ќе биде пречекан од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.

Според вообичаениот систем на ротација, оваа година во Крушево ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери, а премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати пред споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале во Скопје.

Од лани, македонска делегација повторно може да го чествува овој празник во „Прохор Пчињски“.

Слични содржини