Пендаровски: Луѓе од соседни земји сакаат да испровоцираат инциденти на протестите

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски информира дека Руската федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог.

-Имаме неколку дузини луѓе кои што се дојдени од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Значи не наши државјани. Овие податоци ги знаат сите надлежни органи. Во соработка со нашите партнери во НАТО, правиме се што можеме за да превенираме, бидејќи и од таму добивамр одредени податоци, кој дошол и како. Малку е за верување дека едно момче од 18 години знае што е молотов коктел, знае да го направи и кога треба да го фрли. Кажал од кого е добиена наредбата. Има надлежни органи и процедура, таму треба да се праша, изјави Пендаровски во интервјуто во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини