Пендаровски нема да одржи говор на Илинден, на манифестацијата на Мечкин Камен ќе присуствува и Ахмети

од Nikola Popovski

За првпат годинава нема да има говор од Мечкин Камен по повод празникот Илинден, а новина е исто што таму ќе биде претседателот Стево Пендаровски.

Како што велат од кабинетот на претседателот, чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да дојдат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.

Наместо говор, Пендаровски ќе има кратко видео обраќање од две минути. Пораки за Илинден ќе пренесе актерот Никола Ристановски а ќе настапи и Влатко Стефановски.

На настанот поканети се сите политички партии, Мицкоски, Села, Гашев, Апасиев, Ахмети, и само досега потврдил Ахмети кој за првпат ќе биде во Крушево на Мечкин камен на 2. Август за одбележување на Илинден.

Слични содржини