Пендаровски оствари средба со австрискиот европратеник Андреас Шидер

од Andreja Salpe

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.

Пендаровски истакна дека земјава високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската Унија. Во таа насока, тој изрази задоволство од последната усвоена Резолуција од страна на европратениците, во која непристрасно се нотира реалната слика за постигнатите реформи и политичката состојба во земјата.

Во разговорите беше посочено дека и покрај потешкотиите предизвикани од пандемијата на ковид-19, Северна Македонија останува силно посветена на евроинтегративниот процес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за ангажманот на австрискиот европратеник Шидер, и ги реафирмираше очекувањата за што поскоро усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата меѓувладина конференција со Европската Унија за време на португалското претседателство.

Слични содржини