Пендаровски: „Рекет“ не е предуслов за датум за преговори, но е екстремно важен за влезот во ЕУ

од Viktor Jovanov

Случајот „Рекет“ не е предуслов за датум за преговори, но кога ќе почнете да преговарате ако тие процедури не одат по закон вие не можете да прогресирате напред до влез во Евроспката унија, вели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

-Тоа е базичен тест за отпорноста на институциите од политички влијанија. Многу е важно за влезот во ЕУ да го поминеме тој тест. Се може да се направи брилијатно, но доколку киксирате кај корупцијата интеграцијата ќе престане веднаш, вели Пендаровски.

На прашањето зошто оваа влада во текот на нејзиниот мандат не успеа да направи било какви реформи во правосудството, претседателот Пендаровски одговори дека причината е тоа што преголема енергија била потрошена на евроинтеграциските процеси односно на договорите со Грција, Бугарија и Законот за јазици и дека е потребно уште време за да се извршат тие реформи.

Слични содржини