Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски утре на пладне на лидерот на СДСМ ќе му го врачи мандатот за формирање влада.

-Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата има сознанија за досегашниот тек на преговорите за формирање мнозинство кои сè уште не се финиширани со договор.

-Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Слични содржини