Пентагон наредил Националната гарда да не користи оружје за време на протестите

од Vladimir Zorba

Министерството за одбрана на САД им наредил на членовите на Националната гарда испратена во Вашингтон да не користат оружје за време на протестите, пренесува „Вашингтон пост“.

Мерката може да се смета како чекор кон деескалација, преземена од страна на федералните власти. Објавата додава дека ова дошло по евентуална дискусија помеѓу Пентагон и Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно нареди војската да интервенира на улиците по грабежите во неделата. Самиот Трамп побара од Националната гарда да носи оружје, пренесува „Вашингтон пост“.

Околу 900 војници се испратени во областа Вашингтон, чекајќи да се приклучат доколку е потребно, но според извор, цитиран од Ројтерс, сега се упатиле кон нивните бази.

Главниот град на САД е еден од многуте поголеми градови што треба да бидат преплавени со протести по смртта на Џорџ Флојд при апсењето во Минеаполис.

Слични содржини