Пентагон откри што ќе се случи со соборениот дрон во Црното Море

од Stefanija Kuzmanovska

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џон Кирби, денеска во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека извидувачкиот воен дрон МК-9 Рипер не е извлечен од дното на Црното Море по вчерашниот инцидент, додавајќи дека е можно и никогаш да не биде.

„Не сум сигурен дека ќе успееме да го извлечеме. Морето е многу, многу длабоко таму каде што падна. Сè уште се обидуваме да процениме дали е можно да направиме каква било операција за опоравување, но тоа може да биде невозможна мисија. Направивме се што можеме да ја минимизираме вредноста на податоците кои може да ги добие некој што ќе дојде до тој дрон“, додаде тој.

Слични содржини