Пензионер лишен од слобода поради силување на малолетничка

од Nikola Popovski

Пензионер од радовишко е обвинет за извршена обљуба врз малолетно девојче, велат од полицијата.

Според пријавеното, полицијата му поднела кривична пријава на Г.Р. (66), жител на радовишкото село Злеово поради сомневање дека пред околу четири години извршил полови дејствија врз малолетничка, соопштија денеска од СВР Струмица.

Настанот во Одделението за внатрешни работи во Радовиш бил пријавен пред два дена, на 14-ти декември по што бил запознат и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Г.Р. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица, а во текот на денот ќе биде изведен пред на претходна постапка во Основен суд Струмица.

Слични содржини